Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови.
Ги повикувам сите луѓе и ги замолувам да бидат кротки, смирени, трпеливи, да не ги вознемируваме ниту упокоените, ниту нашите страдални болни,туку со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи, истакна во своето денешно обраќање Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица.