Втората важна вест поврзана со Реформската агенда, како што додаде министерот Муртезани, е што на 14 март, годинава, до ЕК во предвидениот рок земјава го доставила првото барање за ослободување на дополнителни средства во износ од 17,1 милиони евра за имплементација на реформските чекори со краен рок декември 2024 година, кој што потоа беше продолжен од страна на ЕК до февруари 2025 година.
Овие реформи вклучувале: усвојување на Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, донесување на подзаконски акти од Законот за буџети, операционализација на структурите за праведна танцизиција и донесување на План за 2025 година, измени во Законот за трговски друштва во делот на критериуми за избор на членови во надзорни и управни одбори и во делот на правосудството поплнување на испразните места во судството и обвинителството. Libertas
Северна Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. Press24
Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии.
„Пристигнаа средствата од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52,4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. Nezavisen