1 (23) ■ вести > македонија ■ 13-Apr 12:28 -> 13-Apr 20:44
.
.
.
.

Притвор за четворица, куќен притвор за седуммина новоосомничени за пожарот во Кочани

  • Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новоосомничените не е во Македонија за пожарот во Пулс

  • Коцевски: Осомничените од Дирекцијата за заштита и спасување воопшто не извршиле инспекциска контрола

Обвинителството побара, а Кочанскиот суд прифати четири ефективни и седум куќни притвори, како и седум мерки на претпазливост за 19-те новоосомничени во истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, додека амбасадорот во Норвешка Кучи се уште е надвор од земјата.

Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Покрај оние за кои постои сомнение за директна одговорност, Коцевски вели дека се истражува и одговорноста на сите институции и службени лица чии постапки довеле до кабарето од самиот почеток до крајот да продолжи да работи без воопшто да поседува законски услови, рече Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информирајќи за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

2 (28) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Apr 09:55 -> 13-Apr 22:59
.
.
.
.

Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“

  • Проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица

  • Акција за приведување на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се очекува денеска на прес-конференција да изнесат повеќе детали во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани, за конкретните мерки што се предлагаат и за својството на секој осомничен во предметот за пожарот во Кочани.

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица.

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдија од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи.

9 (23) ■ вести > свет ■ 12-Apr 09:00 -> 13-Apr 22:50
.
.
.
.

Американскиот министер за одбрана: Подготвени сме да го нападнеме Иран

  • Двајца повредени од „Пулс“ вчера пуштени на домашно лекување, нема планирани исписи за викендов

  • Иран и САД денеска во Оман ги започнуваат преговорите за нуклеарната програма

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во понеделникот рече дека Соединетите држави ќе бидат подготвени да го нападнат Иран доколку пропаднат нуклеарните преговори, еден ден по првите индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран кои двете страни ги опишаа како „конструктивни“.

Денешните разговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма на Техеран, завршија по околу два часа, јави ДПА, повикувајќи се на иранските медиуми.

Иран и САД денеска ќе одржат разговори во Оман со цел да започнат преговори за нуклеарната програма на Техеран.

10 (23) ■ вести > балкан > регион ■ 12-Apr 08:54 -> 13-Apr 18:09
.
.
.
.

Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања

  • Во Белград почна вториот дел од митингот „Не ја даваме Србија“

  • Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание

Пет барања до институциите изнесе денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се одржува во Белград.

На платото пред Домот на Народното собрание во Белград, попладнево почна програмата на вториот ден на собирот „Не ја даваме Србија“, кога ќе биде претставено националното движење.

Во Белград денеска ќе се одржи вториот ден од собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на национално движење првично наречено Движење за народот и државата, на кој ќе зборува претседателот на државата, Александар Вучиќ.

13 (6) ■ вести > македонија ■ 13-Apr 12:44 -> 13-Apr 22:19
.
.
.

МУЦУНСКИ И МАРТА КОС ЗБОРУВАА ЗА НЕОПХОДНОСТА ДА СЕ ЗАБРЗАAТ ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ Владата е посветена на реформската агенда

  • Муцунски ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре престојува во работна посета на Луксембург, каде што, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија