Тој нагласи дека дипломатскиот пасош не влијае на правната постапка и дека МНР ќе го одземе пасошот кога ќе престане функцијата на носителот. -Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет.
Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош. Press24
„Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред сѐ како човек, не како министер – логично е да дадете оставка.
Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија“, истакна Муцунски. Kajgana
Доказите се добиени преку вештачење на неговиот мобилен телефон, каде се пронајдени пораки разменети преку апликациите „Ватсап“ и „Вибер“.
Поради сериозноста на сомневањата, судот ѝ изрече мерки за претпазливост, вклучувајќи забрана за контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, како и забрана за гласање и распределување предмети. Димитровска е единствената членка на ДКСК која поседува дипломатски пасош, доделен од Министерството за надворешни работи (МНР). Таа изјави дека дипломатскиот пасош не е привилегија, туку право кое служи за извршување на службените должности, особено при учество на меѓународни настани. Press24
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, е во центарот на јавниот интерес поради истрагата за случајот „Адитив“, во кој е осомничена за оддавање службена тајна. Press24