1 (8) ■ спорт > фудбал ■ 27-Apr 17:56 -> 27-Apr 20:15
.
.
.
.

ФФМ: ФК Гостивар ја изневери фудбалската јавност и фер-плејот

  • Гостивар одби да игра, бодовите службено за Работнички!

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар.

го напушти теренот на натпреварот против при резултат 1-2 во 85. минута, но тоа ќе му донесе службен пораз затоа што одби да се врати и да го доигра мечот иако имаше барање од страна на гостинската екипа и судиите за такво нешто.

13 (21) ■ вести > свет ■ 25-Apr 12:25 -> 27-Apr 20:18
.
.
.
.

Бројот на загинати во експлозијата во Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800

  • (Видео) Повеќе од 500 повредени во експлoзија во пристаниште во Иран

  • (ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИРАН: Бројот на жртви се зголеми, има и 750 повредени

Бројот на жртви од големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати – изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.

Бројот на повредени во експлозијата што денеска се случи во иранското пристаниште Раджаи, во близина на Бандар Абас, главниот објект за контејнерски испораки во Иран, се зголеми на 516 лица, јави иранската новинска агенција Тасним.

Бројот на жртви во експлозијата во иранското пристаниште се искачи на 14, а шест се водат како исчезнати.

14 (57) ■ вести > свет > русија ■ 25-Apr 08:22 -> 27-Apr 18:22
.
.
.
.

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

  • Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим

  • Трамп: Украина е виновна за војната, а Крим останува руски

  • Трамп го напушти Рим по погребот на папата Франциск и кратката средба со Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.

Портпаролот на украинскиот претседател, портпаролот Сергеј Никифоров изјави дека Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот ќе имаа уште една средба.

Американскиот претседател Доналд Трамп даде нови изјави за преговорите за завршување на војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.

Повеќе од
оваа категорија

34 (5) ■ спорт > македонија ■ 27-Apr 10:49 -> 27-Apr 17:08
.
.
.

За Кочани: Пандев, Најдоски и Шаќири против Стоичков и Костадинов – фудбал Македонија против Бугарија

  • Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Повеќе од
оваа категорија

135 (6) ■ бизнис > економија ■ 25-Apr 09:20 -> 25-Apr 11:20
.
.
.
.

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

  • ▷ Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ

Силна и независна централна банка е клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност, било истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност Силна и независна централна банка е клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност, било истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

167 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 25-Apr 14:29 -> 25-Apr 15:48
.
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА Е 91 ЕВРО Цената на берзата HUPX е 89,30 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89,30 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 91,00 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 74,29 евра за мегават час, а на MEMO 73,74евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89,30 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 91,00 евра/mwh.