Започна реконструкцијата на Р-1106 која ги поврзува Кисела Вода и Аеродром, со санација и проширување на мостот на ,,Киро Фетак”.
Денес, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, како и заменик-директорот на ,,Македонија пат” Александар Шуковски, извршивме теренски увид на две поврзани интервенции на дел од улицата ,,Киро Фетак” – дел од регионалниот пат Р-1106 кој е важна сообраќајна трансверзала што ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот – пишува градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.