Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска изјави дека не сака да навлегува во деталите за предметот што се води против него во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), поради сомнежи околу неговата магистерска диплома. Vecer
Се надевам дека тие што изнесуваат невистини и лаги ќе имаат доблест да се извинат, истакна Јанев.
По информациите објавени во неколку медиуми и поднесената анонимна претставка до ДКСК, СДСМ го доведе во прашање назначувањето на Јанев за директор на Бирото за јавна безбедност поради, како што наведе, основани сомнежи за незаконитост на неговата диплома за магистерски студии на Универзитетот во Скопје. Press24