Попов истакна дека младите согледуваат како состојбите се подобруваат, и дека тие се сведоци како патиштата се градат како никогаш досега, дека се реновираат студентските домови, како и на инвестирањето во локалните самоуправи и посветеноста на функционерите кон решавање на проблемите на младите луѓе.„Младите видоа сеопшта борба од страна на државата, да им ги подобри состојбите во сите сфери од нивното општествено живеење, и младите во овој момент се сведоци дека во една година владеење патишта се градат како што не се граделе до сега, студентски домови се реновираат како никогаш во изминатите триесет години за жал, и ќе одлучат државата да ја водат оние коишто им ги реновираат домовите, коишто ги градат сите автопати, коишто им инвестираат во локалните самоуправи преку државна помош, младите гледаат дека функционерите се посветени секојдневно во решавање на сите проблеми“, објасни Попов.