Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на земјава.„Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена“, соопшти МНР.