Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев за грабнувањето и за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.
На изминатото рочиште обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар.
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ денеска порача дека Обвинителството не успеало да ја докаже вината за неговиот клиент и вели дека е изненаден од нивните завршни зборови во судскиот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.
Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.