Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 12 јуни 2025 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со животот на нашата Света Црква.
Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевската епархија, пренесува Литургија.мк. Тој е избран на местото на упокоениот митрополит Тимотеј.
МИАСинодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.