Епископот антаниски г. Партениј му упати срдечна честитка на новоизбраниот митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј, со што испрати порака за единство и за црковна зрелост.
Дебарско-кичевска епархија Охрид / Игумен Георгиј Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.
Откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го номинираше новоизбраниот монах Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, што предизвика негодување кај дел од православните верници, со своја реакција по првпат се јави и Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, чиј игумен, епископот Антаниски Партениј, според дел од верниците, треба да е изборот за нов дебарско-кичевски митрополит.