Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во работна посета на Тирана, денеска ќе оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија, на Македонската алијанса за европска интеграција, на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, како и со македонски дипломати и професори.
Претседателката Сиљановска – Давкова вчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа се обрати на пленарната сесија на тема „Поттикнување на стабилноста и просперитетот преку регионална соработка и интеграција во ЕУ“. Alfa