Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси. Kanal5
Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат.
Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Skopjeinfo
Премиерот Мицкоски додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен.
И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Vecer