Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во нелегален градежен објект.
„Особено загрижувачки е фактот што нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина заштита, и покрај сериозните закани по нејзиниот живот и безбедноста на нејзиното семејство. 4news