На денешната собраниска седница за ребалансот на Буџетот за 2025 година, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, изнесе критика на владиниот пристап кон економското управување и социјалната реалност во државата.
Мециновиќ говореше од личен и човечки аспект, ставајќи акцент на последиците од буџетските политики врз секојдневниот живот на граѓаните и масовното иселување кое станува сѐ позасилена и потрагична појава.