Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.
Откако Јавното обвинителство објави дека кривично ќе ја гони актуелната претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, експертската јавност оценува дека таа треба сериозно да размисли за повлекување од функцијата..
Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.