Израел го прифати предлогот на САД за привремен прекин на огнот во конфликтот во Газа, соопшти Белата куќа.
Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, синоќа изјави дека разговорите со сите страни се во тек и оти САД се надеваат на прекин на огнот и враќање на сите заложници од Газа. Denesen
Во соопштение за медиумите, Хамас наведе дека одговорно го проучува предлогот и оти „секој одговор ќе биде заснован на интересите на палестинскиот народ, со фокус на ублажување на хуманитарното страдање во Појасот Газа и постигнување траен прекин на огнот“.
Новиот предлог на Виткоф предвидува 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа, кој вклучува ослободување на 10 заложници во две групи во рок од една недела, јавија израелските медиуми. Plusinfo
Превирања го зафатија системот за помош што го започна оваа недела Хуманитарната фондација Газа, која управува со три дистрибутивни центри на територијата.
Израел најави дека GHF ќе ја преземе дистрибуцијата на храна во Газа и покрај противењето на Обединетите нации и повеќето хуманитарни групи. Radiomof
1Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“.Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија, каде што блокадата што траеше повеќе од два месеци, делумно олесната минатата недела, доведе до сериозен недостиг на храна, лекови и други основни потреби. Fokus