Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера апелираше до европските земји членки и Канада да направат значителен прогрес во подигнувањето на нивните вложувања во алијансата.
Руте, кој престојуваше во Вашингтон на разговори со високи американски функционери, во годишниот извештај објавен вчера, истакна дека во 2024 година членките на Алијансата и Канада инвестирале 19,4 проценти повеќе во одбраната споредено со изминатата година, но дека овие напори мора да се интензивираат во 2025 година.