Севернокорејските војници кои беа испратени во Русија за да помогнат во руската агресија врз Украина, за првпат имаат пристап до интернет, а го користат главно за гледање филмови за возрасни, пишува британскиот весник Дејли Меил.
Севернокорејските војници кои за првпат им се придружија на Русите, имаат непречен пристап до Интернет, кој го користат за гледање порнографија, дознава „Фајненшл тајмс“ од добро информиран извор, објави Војниците од оваа изолирана држава се бореа за првпат во Украина во понеделникот, но нивната борба наводно почнала многу пред да стапнат на бојното поле, и тоа, против сопствените демони, се вели во извештајот.