Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.
Во буџетот за 2025 година има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на штипската гимназија „Славчо Стојменски“.