Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска, откако САД и дозволија на Украина да истрела проектили со долг дострел длабоко на руска територија, дека Москва „има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните НАТО инсталации“ и оцени дека тоа веќе е „Трета светска војна“.
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, се огласи по дозволата на претседателот Џо Бајден за користење американско оружје за напади длабоко во Русија и по одобрувањето на ажурирана верзија на руската нуклеарна доктрина од страна на Владимир Путин.