Во писмото на шесте балтички земји се нагласува дека е потребно „понатамошно зголемување на влијанието на европските санкции“ со намалување на максимално утврдената цена за увоз на руска нафта.
Г7 го воведе оваа ограничување за да ги намали приходите на Москва од извозот на нафта, но при утврдување на висината на цената на рускиот енергенс се водеше сметка за задржување на стабилноста на глобалните енергетски пазари. Biznisvesti
ЕУ досега го забрани увозот на руски гас по морски пат, но и натаму овозможува негова дистрибуција преку системот на гасоводи до земјите членки, кои и натаму се зависни од него.
Со новата иницијатива се бара целосен прекин на дистрибуцијата на гасот преку гасоводите, како и забрана за пристап на руските танкери за ЛНГ во ЕУ. Предлагачите наведуваат дека на овој начин дополнително ќе се намалат приходите на Москва, како и дека иницијативата оди во прилог на плановите на ЕУ за целосен прекин на употребата на руски фосилни горива во перспектива. Nezavisen