Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2,200 вработени во УСАИД.
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми.
Два синдикати што ги претставуваат вработените во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) денеска го тужеа американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот државен секретар и министерот за финансии затоа што, како што тврдат, неуставно се обидуваат да ја укинат оваа над 60-годишна хуманитарна агенција, основана од Конгресот, пренесе Бета повикувајќи се на светски медиуми.
РФК (Роберт Ф. Кенеди), министерот за здравство на САД назначен од Трамп, сквернавејќи го славното презиме, ветува дека ќе го сопре „овој криминал” , мислејќи на трагите кои авионите ги оставаат зад себе кога летаат, кои тој и неговите следбеници ги викаат „chemtrails“ и веруваат дека се дел од глобалниот “заговор” за “депопулација” на Земјата и дека всушност содржат “отрови”.