Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Соединетите Американски Држави ја прекинаа воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за Reuters.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за инвестиции во одбраната во Европската Унија, вклучително и за воена помош за Украина, јави ДПА.
Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни.