Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.
Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Турската опозиција повика на национални протести по приведувањето на градоначалникот на Истанбул.
Турските власти го приведоа главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата за поврзаност со корупција, пренесува турската државна новинска агенција Анадолу.