Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на повеќе високи претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), оценувајќи го како „очигледна злоупотреба на судскиот систем“.
Универзитетот во Истанбул денеска соопшти дека поради нерегуларности ја поништиле дипломата на Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нанесувајќи ѝ удар на опозицијата.
Турските власти го приведоа главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата за поврзаност со корупција, пренесува турската државна новинска агенција Анадолу.