Лидерот на израелската опозиција Јаир Лаипид повика синоќа, пред илјадниците демонстранти собрани во Тел Авив, на генерален штрајк доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не го послуша мислењето на Врховниот суд што ја замрзна владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет (внатрешна безбедност). Демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Нема повеќе крвопролевање“ и бараа прекин на војната, за да се обезбеди враќање на околу шеесет израелски заложници кои се уште се држат во Појасот Газа. Sitel
Тој претходно изјави дека Израел е правна држава и дека владата одлучува кој ќе биде шеф на Шин Бет.
Голем број Израелци го осудуваат „автократското однесување на премиерот“, кој ја повикува владата да се состане денеска за да ја покрене постапката за разрешување на главната обвинителка на земјата, Гали Бахарав-Мијара. Kanal5
Израелските опозициски партии Јеш Атид, Националното единство, Израел Бејтену и Демократите поднесоа барање до Високиот суд на правдата да интервенира во разрешувањето на шефот на Шин Бет, Ронен Бар.
Во објава на X, лидерот на опозицијата и претседател на Јеш Атид, Јаир Лапид, вели дека во барањето се тврди дека отпуштањето на Бар од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху е конфликт на интереси, бидејќи агенцијата за безбедност во моментов испитува неколку членови на персоналот во Кабинетот на премиерот за наводни несоодветни врски со Катар. Kanal5
Неколку групи, вклучително и опозициски политичари, поднесоа претставки до судот против владината одлука.
Владата на Израел го одобри контроверзното разрешување на директорот на Шин Бет и покрај масовните протести. Kanal5