Лидерот на израелската опозиција Јаир Лаипид повика синоќа, пред илјадниците демонстранти собрани во Тел Авив, на генерален штрајк доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не го послуша мислењето на Врховниот суд што ја замрзна владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет (внатрешна безбедност). Демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Нема повеќе крвопролевање“ и бараа прекин на војната, за да се обезбеди враќање на околу шеесет израелски заложници кои се уште се држат во Појасот Газа. Sitel