Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој е и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, објави дека ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС и следната година.
Претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ денеска изјави дека властите на овој ентитет побарале меѓународна арбитража меѓу Босна и Херцеговина и РС поради, како што рече, „кршење на Дејтонскиот мировен договор“, јавуваат српските медиуми, пренесе ЦивилМедиа.