Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.
Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотираше неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабри натамошното посилно економско партнерство“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
Рубио побара поддршка од Турција за воспоставување мир во Украина и Јужен Кавказ.
Тој високо ја оцени водечката улога на Турција во Глобалната коалиција за поразување на ИСИЛ (групата Исламска држава) и повторно ја нагласи потребата од блиска соработка за поддршка на стабилна, обединета и мирна Сирија, која нема да биде ниту база за меѓународниот тероризам, ниту пат за дестабилизирачки дејствија од страна на Иран“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Sitel
Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.
Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотирал неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабрил натамошното посилно економско партнерство“. Telma
Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент. Nezavisen
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Списанието „Атлантик“ објави нови пораки од групата за разговор Сигнал, вклучително и од највисоките американски функционери кои разговараат за оперативните детали за плановите за бомбардирање на Јемен.
Високи функционери на администрацијата на Трамп по грешка откриле воени планови, споделувајќи ги „во група за пораки, во која се нашол и новинар…“. Воените планови се однесувале за постапки на Министерството за одбрана на САД за напад над јеменските Хути.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц, кој стои зад спектакуларната безбедносна грешка поврзана со американските напади во Јемен, синоќа изјави дека ја презема одговорноста откако новинар се нашол во групата што тој ја создал на мрежата Сигнал.
Најмалку 10 лица загинаа во уривање на џамија во Мјанмар по силниот земјотрес во оваа југоисточна азиска земја, пренесе ДПА повикувајќи се на новинската агенција Khit Thit Media.
Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.
Француското обвинителство побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за незаконско финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи.
Француското обвинителство денеска побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози.