Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.
Бројот на загинатите во разорниот земјотрес во Мјанмар, надмина 1600 лица, соопштија властите.
Странски спасувачки тимови почнаа да пристигнуваат во Мјанмар во саботата за да помогнат во потрагата по преживеани по земјотресот во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе во сиромашната југоисточна азиска земја во екот на нејзината граѓанска војна.
Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.