Делегација на Хамас моментално е во Каиро на разговори со египетските и катарските претставници, кои посредуваат заедно со САД за постигнување примирје на палестинската територија.
Подготвени сме да ги ослободиме сите Израелци (заложници) како дел од вистинскиот договор за размена на затвореници и во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош, изјави функционерот на Хамас, Тахер ал-Нуну. Sitel
Агенциите на ОН силно ги негираат тврдењата на Израел дека во Газа има доволно храна подолг временски период и сугерираат дека блокадата може да биде кршење на меѓународното хуманитарно право.
Израелскиот премиер рече дека блокадата на залихите има за цел да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците и да го продолжи примирјето кое истече на 1 март. Fokus
Висок претставник на Хамас, Абу Зухри, за Ројтерс изјави дека иницијативата не ги исполнува нивните основни услови – целосно запирање на израелската офанзива и повлекување на војската од Газа, пренесува БТА.
Предлогот за прв пат вклучува барање за разоружување на Хамас во следната фаза од преговорите – нешто што организацијата апсолутно го одбива. Biznisvesti
„Подготвени сме да ги ослободиме сите Израелци (заложници) како дел од вистински договор за размена на затвореници, во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош“, изјави за АФП Тахер ал Нуну, еден од водачите на исламистичкото движење.
Тој го обвини Израел дека го попречува напредокот кон прекин на огнот. A1on
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за време на посетата на северниот дел на Појасот Газа изјави дека Израел ќе инсистира на постигнување на сите свои воени цели, односно уништување на палестинската милитантна група Хамас.
„Хамас ќе трпи се повеќе и повеќе удари во Газа“, рече Нетанјаху за време на посетата на северот на Газа со израелски војници, објави „Тајмс оф Израел“. A1on
Висок функционер на палестински Хамас денеска изјави дека движењето е подготвено да ги ослободи сите израелски заложници во замена за гаранции дека Израел ќе ја заврши војната во Појасот Газа.
Делегација на Хамас моментално е во Каиро на разговори со египетските и катарските претставници, кои посредуваат заедно со САД за постигнување примирје на палестинската територија. Kanal5
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за време на посетата на северниот дел на Појасот Газа изјави дека Израел ќе инсистира на постигнување на сите свои воени цели, односно уништување на палестинската милитантна група Хамас. Denesen