„Да“ за независноста на Нова Каледонија!
„Да“ за независноста на Француската Полинезија! Netpress
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во денешниот телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, оценил дека создавањето на палестинска држава ќе претставува „огромна награда за тероризмот“ и ќе доведе до постоење на ентитет под управа на екстремисти, на само неколку километри оддалеченост од израелските градови.
Макрон изјави дека за време на разговорите повикал на нов прекин на огнот, ослободување на заложниците и обновување на испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа, што Израел го спречува повеќе од еден месец. Fokus
Бела куќа: Америка нема да им се придружи на сојузниците од Г7 во осудата… Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, израелскиот премиер му го пренел на Макрон своето силно противење на формирањето на палестинска држава, наведувајќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот.
„Израелскиот премиер му рече на францускиот претседател дека палестинската држава формирана веднаш до израелските градови ќе стане упориште за иранскиот тероризам и дека мнозинството од израелската јавност се противи на тоа, како и конзистентната и долгорочна политика на Нетанјаху“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот. A1on
Макрон повика и на отворање на сите премини за влез на хуманитарна помош во Газа, пишува „Монд“.
Како што пренесува „Монд“, Макрон му пренел на израелскиот лидер дека ослободувањето на сите заложници и демилитаризацијата на Хамас остануваат приоритети за Франција, додавајќи дека се надева на прекин на огнот и евентуално отворање на перспективата за политичко решение со две држави. A1on
Во овој контекст, ја замислувам јунската конференција“, со која Франција ќе копретседава во ОН, „земајќи ги предвид безбедносните интереси на Израел и на сите во регионот“, напиша на платформата Икс.
„За време на разговорот, премиерот (на Израел) силно се спротивстави на формирањето на палестинска држава, велејќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот“, се наведува во соопштението. Kanal5