Во екот на засилената трговска тензија со САД, Кина иницираше дипломатска кампања во Југоисточна Азија, според анализата на Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде оствари средби со лидерот на Комунистичката партија, То Лам, и премиерот Фам Мин Чин.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи.