Размената на воздушни и артилериски напади меѓу Индија и Пакистан ескалира во најжестокиот воен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните децении, при што загинаа голем број цивили од двете страни.
Индија во средата нападна девет локации во Пакистан за кои рече дека претставуваат „терористичка инфраструктура“, две недели откако 26 лица беа убиени во напад во индиски Кашмир за кој Њу Делхи го обвини Исламабад.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.