Оваа недела, Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја посети Србија, Косово и Македонија во рамките на нејзината втора посета на Западен Балкан — регион од стратешко значење за Европската Унија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.
Европската Унија останува посветена на поддршката на Северна Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по денешната средба со државниот врв во Скопје.
НасловнаМакедонијаМицкоски: Прифаќам секакво посредништво, Европа мора да покаже лидерство You cannot print contents of this website.