Европските министри за надворешни работи денес ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма, и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот на Белата куќа.
Изворите велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева утре.
Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на одбранбените претставници дека би имало смисла САД да започнат напади врз Иран само ако таканаречената бомба „разбивач на бункери“ гарантира дека ќе уништи клучен објект за збогатување ураниум во Фордоу, според луѓе запознаени со разговорите, објави Гардијан .На Трамп му беше кажано дека фрлањето на бомбите GBU-57 , кои тежат 13,6 тони, ефикасно ќе го елиминира Фордо, но тој, според изворите, сè уште не е целосно убеден и засега не ги одобрил нападите , бидејќи чека да види дали заканата од американско вмешување би можела да го принуди Иран да преговара.