НЕМА ДА ИМА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО БУДИМПЕШТА Орбан тешко се пишмани Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште во февруари им порача на организаторите на Парадата на гордоста да не мачат да организираат парада во Будимпешта годинава.
Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека Парадата на гордоста ќе биде општински настан, за што „не се потребни дозволи од властите“.