Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го почна настапот во квалификациите на турнирот од челинџер серијата во Роверето (Италија), откако денеска по голема борба и фантастичен пресврт во третиот сет го совлада францускиот натпреварувач, Алексик Гаутјер (6-3, 5-7, 4-6). Македонецот добро го почна мечот и со брејк во четвртиот гем рутински го освои првиот сет.