Поранешниот светски шампион во шах, Магнус Карлсен ги продаде фармерките поради кои му беше забранет настап на Светското првенство (СП) во брзопотезен шах.
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да игра на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари, а приходот оди во добротворната организација „Big Brothers, Big Sisters”, која поддржува деца и млади луѓе.