Игор Ефтимовски, докторанд по археологија: „Новите анализи даваат дополнителна тежина на широко прифатеното толкување од пред 45 години дека Филип Втори е погребан во гробницата број 2 во Кутлеш“ Жанета Здравковска Ивана Кузманоска Без разлика на тоа што новата анализа покажа дека човечките останки пронајдени во Гробницата на Персефона, односно во гробот број 1 од Големата гробница во Кутлеш, денешна Северна Грција, не се на Филип II, сепак останува фактот дека овие гробници се вбројуваат меѓу најзначајните археолошки откритија од античка Македонија и воопшто на античкиот период, вели м-р Игор Ефтимовски, докторанд по археологија. Fakulteti