1 (4) ■ вести > свет ■ 09-Jan 08:56 -> 09-Jan 09:06
.
.
.

Во Србија се очекува средба на владин тим со претставници на вработените во образованието по заканите за целосен прекин на наставата

Во Србија денеска попладне почнуваат преговорите меѓу просветните работници и владата и доколку не се исполнат барањата, вработените во образованието најавуваат целосен прекин на работата.

4 (4) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 07:20 -> 09-Jan 08:47
.
.
.

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

  • Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

5 (44) ■ вести > свет > еу ■ 07-Jan 08:02 -> 09-Jan 08:08
.
.
.
.

БЛИНКЕН: Идејата Гренланд да биде дел од САД не е добра

  • Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

  • Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд

  • Трамп не ја исклучува можноста од испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал

Според американскиот државен секретар на заминување Ентони Блинкен, идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Гренланд да стане дел од Соединетите држави „не е добра“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и ГренландТрамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите.

6 (37) ■ вести > свет ■ 07-Jan 08:18 -> 08-Jan 21:56
.
.
.
.

Трамп објави карта на која канада е дел од САД

  • Трудо: Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД

  • Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава

  • АНАЛИТИЧАР – ТРАМП ГИ САКА ГРЕНЛАНД, КАНАДА И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ, да го кажеше тоа „некој друг“, сега ќе беа во рововите

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД.објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа.

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

Новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска повторно предложи Канада да стане 51-та сојузна држава на САД, споделувајќи мапа на неговата мрежа Трут соушл (Truth Social) каде Канада е претставена како дел од САД.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп влегува во својот нов претседателски мандат со бомбастични изјави зад кои, ако се толкува сериозно и буквално, се крие стремеж за туѓи територии.

8 (12) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 09:00
.
.
.
.

Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на држави од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократските институциите и избегнувањето на санкциите на американската влада.

Претседателот на САД Џо Бајден денес донесе извршна наредба за преземање дополнителни чекори во однос на ситуацијата во Западен Балкан, проширувајќи ги условите за лица кои можат да бидат санкционирани.

12 (12) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 08-Jan 13:34 -> 08-Jan 19:12
.
.
.
.

МВР поднесе кривична против поранешниот началник на Одделот за водухопловни единици од Куманово – го оштетил буџетот за 15 илјади евра

  • Кривична пријава за екс началник во МВР

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици, Н.А. од Куманово поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија