1 (115) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Mar 13:18 -> 04-Mar 19:15
.
.
.
.

Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

  • Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

  • Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори

  • Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро

Кога зборувам за македонската европска сага сакам да ја пренесам фрустрацијата што ја чувствуваат сите граѓани и сето она кое граѓаните мораат да го направат во името на таа иднина, а за возврат да добијат речиси ништо, бидејќи се наоѓаат онаму каде што бевме пред 20 години, дури и пред некои од земјите-членки кои сега веќе се во рамките на европското семејство или тие кои некои денеска ги нарекува фронтранери, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за патот на земјава кон ЕУ, на заедничката прес-конференција со неговиот унрагски колега Виктор Орбан од Будимпешта.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

Премиерот на Унгарија – Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

6 (45) ■ вести > свет ■ 02-Mar 20:03 -> 04-Mar 20:12
.
.
.
.

Мексико најави царини за американската стока

  • Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор

  • Трамп воведе царини за Канада и Мексико, ги зголеми за Кина. Веднаш стигна одговор

  • Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки.

САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико.

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. - Доколку стапат на сила тарифите на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.

8 (84) ■ вести > свет > нато ■ 02-Mar 10:00 -> 04-Mar 20:00
.
.
.
.

Зеленски: Подготвени сме да работиме под цврстото лидерство на Претседателот Трамп за постигнување траен мир

  • Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

  • Трамп: Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија

  • Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

15 (7) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 16:42 -> 04-Mar 17:16
.
.
.
.

11 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМПАНИИТЕ Првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

  • Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

39 (5) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 15:11 -> 04-Mar 16:52
.
.
.
.

ЗМАИ: Субвенциите за зголемена плата да бидат таргетирани директно кон работниците, не кон компаниите

  • Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

139 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 03-Mar 14:42 -> 04-Mar 16:34
.
.
.
.

ВО ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ФОТОВОЛТАИЧНАТА ЦЕНТРАЛА НА БАЛКАНОТ Соларниот парк на „Акуо енерџи“ ќе биде готов за 2 години

  • Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип

Најголемата фотоволтаична централа во земјава и на Балканот, инвестиција на француската компанија „Акуо енерџи“ (Akuo Energy), по четири години од најавата наскоро треба да го објави датумот на старт на изградбата на местото на пропаднатиот проект за Карго аеродром на територијата на општините Штип и Свети Николе.

(Штип, 3 март, 2025) – Акуо, глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

166 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.