По вчерашната трагедија што се случи во Цетиње, македонското Министерството за надворешни работи упати сочувство кон народот на Цетиње и Црна Гора.
Денеска почнува тридневна жалост во Црна Гора поради страшното злосторство што се случи вчера во Цетиње, а откажани се сите настани на отворено низ целата земја.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.
Сопругата на еден од убиените браќа Мартиновиќ, која и самата беше ранета во масакрот на Ацо Мартиновиќ, успеала ранета да му побегне на првиот сосед, изјави денеска на прес-конференција Лазар Шќепановиќ, в.д. директор на Полициската управа по масовното убиство во Цетиње.