Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.
Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.
Неколку лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика свлечишта, одрони и одлив на реки во некои од централните и јужните подрачја во Босна и Херцеговина.
Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.