1 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Jan 08:10 -> 10-Jan 09:24
.
.
.
.

Притвор за две лица што изнудувале пари и запалиле автомобил во Штип

  • Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор

Триесетдневен притвор им е определен на две лица од Штип кои се осомничени дека сториле две кривични дела – изнуда и предизвикување општа опасност.

Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

4 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Jan 14:26 -> 10-Jan 08:58
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање

  • МНР ја осудува изјавата на Костадинов: “Напад врз суверенитетот на државата

  • Филипче: Неприфатлив е секој обид за негирање на македонската посебност

  • МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија

Ова е непристоен предлог.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија остро реагираше на објавата на лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, објавена на социјалната мрежа Facebook.

Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет, вели лидерот на СДСМ Филипче на социјалните мрежи.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.

5 (26) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 14:37 -> 09-Jan 18:00
.
.
.
.

Јаневска: Ќе се доработат неколку членови на Предлог-законот за средно образование и потоа ќе биде вратен во Собранието

  • Јаневска: Нарачаните магистерски и докторски трудови мора да запрат, МОН воведува мониторинг во високото образование

  • Се доработува повлечениот предлог-закон за средно образование, членот за интонирање на химната може и да се изостави, вели Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со Предлог-законот за средно образование кој на крајот на годината беше повлечен, потенцираше дека постојат неколку членови кои треба да се доработат.

Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре.

Предлог-законот за средно образование во моментов се доработува, рече на денешната прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска и очекува до крајот на месецот тој да биде готов и повторно да се врати во собраниска процедура.

8 (25) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 17:50
.
.
.
.

Бајден најави проширување на санкциите за Западен Балкан, ќе се санкционираат и поткопувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за опспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и избегнување на санкциите на американската влада, пренесува Радио Слободна Европа.

9 (36) ■ вести > свет > еу ■ 08-Jan 08:00 -> 09-Jan 22:50
.
.
.
.

ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници, изјави Баро по коментарите на Трамп за Гренланд

  • Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

  • Преглед на вестите од светот

  • Премиерот на Гренланд ќе се сретне со кралот на Данска, по изјавите на Трамп за територијални претензии,

Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд Трамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Шумските пожари што беснеат во округот Лос Анџелес, Калифорнија принудија на евакуација 30 000 луѓе.

Премиерот на Гренланд Муте Егеде денеска во Копенхаген ќе се сретне со данскиот крал Фредерик, откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна територија на Данска.

14 (31) ■ вести > свет ■ 08-Jan 08:17 -> 10-Jan 09:12
.
.
.
.

Трамп објави карта на која Канада е дел од САД

  • Трудо: Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД

  • Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава

  • Маск отворено го навреди премиерот Трудо: Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД.

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

Новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска повторно предложи Канада да стане 51-та сојузна држава на САД, споделувајќи мапа на неговата мрежа Трут соушл (Truth Social) каде Канада е претставена како дел од САД.

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека „нема ниту теоретски шанси“ Канада да стане 51-та американска држава.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

46 (6) ■ бизнис > економија ■ 09-Jan 14:24 -> 09-Jan 17:36
.
.
.
.

Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност во снабдувањето со струја во југозападна Македонија, вели Божиновска

  • Во Трансформаторска станица Битола-2 пуштен во употреба нов трансформатор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи пуштија во употреба нов 400/110 kV трансформатор кој е инсталиран во трансформаторската станица (ТС) Битола 2. Пуштањето во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор значи многу за овој регион, истакна министерката Божиновска на промотивниот настан во ТС Битола-2. -Трансформаторот значи многу за овој регион и се надевам дека и останатите проекти навремено ќе бидат извршени.

71 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-Jan 12:31 -> 09-Jan 14:25
.
.
.
.

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

  • 🎥 МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРАВИ ПРОИЗВОДИ СО ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА Ангел Анѓушев во Бизнис клуб вели дека помина времето на евтина работна рака во земјава

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.

24 (10) ■ сцена > култура ■ 08-Jan 14:10 -> 10-Jan 09:14
.
.
.
.

Филхармонија ја отпушти диригентката Дијана Имери-Илкоска, таа вели дека и е сторена институционална неправда

  • Барале да ми се продолжи договорот, но не ме планирале во годишниот план за вработувања, вели отпуштената дирегентка од Филхармонија

Филхармонија ја отпушти познатата диригентка Дијана Имери Илкоска, етаблирана дома и на меѓународната сцена, а од завчера ѝ бил забранет пристап во зградата на Филхармонијата.

По неодамнешните медиумски натписи за случајот со неколкумина работници од НУ Филхармонија на РСМ кои не добија продолжување на нивните договори, во целост го пренесуваме отвореното писмо на диригентката Дијана И. Илкоска: „Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјава и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници како Џошуа Бел (добитник на Греми награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот “Шопен натпревар“), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот “Цинандали“ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти како Клаудио Вандели (шеф-диригент на „Wurth Philharmoniker”, основач на Пан-Кавказки младински оркестар и уметнички директор на светскиот фестивал „Вербие„ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на „Оскарите“, Барбара Стрејсенд, „Музички идол“, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на „ID chamber orchestra“ со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика – ОСТАНАВ НА УЛИЦА!