Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.
Неколку клучни прашања за ЕУ избиваат меѓу топ петте предизвици во наредниот период: внатрешните реформи на Унијата, нејзината конкурентност, безбедноста, проширувањето, трошењето на буџетските средства… Во повеќето анализи што се однесуваат на еден од предизвиците, односно – проширувањето, се посочуваат „и предностите и ризиците од проширувањето на Унијата“, како и начинот на кој треба да продолжи процесот.