Претседателот Доналд Трамп го критикуваше Володимир Зеленски, велејќи дека е „разочаран“ што украинскиот лидер се пожали дека бил изоставен од разговорите меѓу САД и Русија за завршување на војната во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп на X објави дека воведува реципрочни царини во трговската политика на Соединетите Американски Држави.
Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.