1 (5) ■ вести > македонија ■ 12-Apr 14:24 -> 12-Apr 14:52
.
.
.
.

МЗ: Двајца повредени од „Пулс“ вчера пуштени на домашно лекување

  • МЗ: На домашно лекување е пуштен пациент, кој е вратен од Марибор

За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ). – Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба, посочуваат од Министерството.

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.

3 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Apr 09:29 -> 12-Apr 12:46
.
.
.
.

Богојески ќе тужи, вели се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

  • ДУИ: Ова не е правда, туку одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови

  • Јаневска за назначувањето на Богојески: Поставените директори треба да работат натпартиски и професионално

„Ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на ДУИ и СДСМ.

По повoд повикувањето на информативен разговор на екс министри за економија Ваљон Сарачини, Беким Незири, Дритон Кучи, како и екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и сегашниот директор на Дирекцијата Џевад Селами, со соопштение се огласија од ДУИ.

Не можам да ја коментирам работата на директор што е поставен на функцијата пред два дена, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање за назначувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

6 (6) ■ вести > македонија ■ 12-Apr 12:44 -> 12-Apr 13:48
.
.
.
.

(ВИДЕО) Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави

  • Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство помеѓу нашите две држави

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ на кој во присуство на премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и Косово, Албин Курти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла и делегации од двете земји, свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“.

Со официјалното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување (One stop shop) на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Косово поминуваме во нова фаза на односи меѓу нашите две држави, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

9 (60) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Apr 10:18 -> 11-Apr 18:59
.
.
.
.

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

  • Обвинителката го соочи таткото на Вања со фактот дека само тој од обвинетите знаел кога Вања оди сама на училиште, тој тврди дека не го познава Палчо

  • Ѓорчевски: Тргнав кон Блаце, но се вратив назад, уште од почеток почувствував дека полицијата се сомнева во мене

  • Со испрашување на таткото Александар Ѓорчевски, продолжи судењето за убиството на Вања

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, додавајќи дека тој е неосновано обвинет.

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството.

Александар Ѓорчевски, со одговори на прашања од обвинителката, продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Ниту Ве знам, ниту Ве познавам, ниту пак некој од моето семејство Ве познава, беше единственото нешто што Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања му кажа на Љупчо Палевски.

10 (67) ■ вести > свет ■ 10-Apr 08:24 -> 12-Apr 14:43
.
.
.
.

Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од систематскиот преглед на Трамп

  • Кина за царините на Трамп: Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака

  • Трамп – најстариот избран претседател на САД – оди на медицински прегледи

  • Трамп ги брани царините: Светот сака договори, а САД ќе процвета

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го имаше првиот систематски преглед во неговиот втор мандат, а Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од прегледот што е можно поскоро, изјави прес-секретарот Каролин Левит. во јуни ќе наполни 79 години, а со преземањето на претседателството на САД во јануари стана најстариот претседател во историјата ан САД.

Министерство за надворешни работи денеска порача дека САД треба да престанат со „каприциозното и деструктивно однесување“ доколку сакаат преговори за царините.

Доналд Трамп го поминува својот прв годишен медицински петок откако се врати на власт, ставајќи го фокусот на 78-годишник кој е најстариот американски претседател некогаш избран и редовно се соочува со обвинувања за недоволна транспарентност за неговото здравје.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа состанок со владиниот кабинет на кој присуствуваа камери, а во воведот ја коментираше реакцијата на пазарот на неговите неодамнешни одлуки за воведување нови царини.

13 (10) ■ вести > свет > украина ■ 12-Apr 08:25 -> 12-Apr 13:31
.
.
.
.

Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна

  • Кит Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор. предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу тие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Украина и Русија, Кит Келог изјави дека Украина може да се подели „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор.

Повеќе од
оваа категорија

63 (6) ■ спорт ■ 10-Apr 12:42 -> 11-Apr 19:49
.
.
.

Вардар со фуриозен финиш го надигра Охрид за „три од три“ во плеј-офот

  • ГРК Охрид пружи отпор, но немаше сила за изненадување против Вардар

Ракометарите на Вардар 1961 имаа малку потешка задача и дури во завршните десет минути го надиграа (28-24) во натпреварот од третото коло во суперлигашкиот плеј-оф. Вардарци фуриозно го стартуваа натпреварот, поведоа со 5-1, а потоа двапати имаа и највисоки +5. Но, Охрид се покажа како „тврд орев“ и не дозволи да го загуби мечот во раната фаза.

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар ја забележаа и третата победа во плеј-офот во Суперлигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 3. коло славеа над ГРК Охрид со 28-24. Домашниот тим подобро го отвори мечот и брзо стигна до четири голови разлика (5-1). Во еден момент вардарци имаа и плус пет (10-5), но како се приближуваше крајот на првото полувреме така гостите играа се подобро и подобро, па на пауза заминаа со негатива од само еден гол (13-12). Во вториот дел долго се играше гол за гол се до последните десет минути кога „црвено-црните“ повторно стигнаа до плус четири 23-19, што на крајот беа доволни за конечен триумф од 28-24. Димитро Хорига со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените пет постигна Винициус де Соуза.

Повеќе од
оваа категорија

51 (10) ■ бизнис > економија ■ 11-Apr 10:22 -> 11-Apr 13:12
.
.
.
.

Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа

  • СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Е МЕЃУ 10 НАЈДОБРИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Организацијата Скајтракс го истражи мислењето на патниците

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем „Passenger Terminal Expo“ кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.